Ѓаволот носи Прада 2 епрв на американскиот Бокс офис втора недела по ред, со заработка од 43 милиони долари за време на викендот. Надвор од САД филмот заработи 75,8 милиони долари за импресивна заработка од 433,2 милиони долари за само две недели прикажување.

Оригиналниот Ѓаволот носи Прада од 2006 заработи 326 милиони долари и тогаш тоа се сметаше за спектакуларен успех.

Студиото Дизни кое стои зад Ѓаволот носи Прада 2 заедно со 20-th Century, стана и првото студио во Холивуд кое во 2026 има заработка над 2 милијарди долари од кино билети.

Во Ѓаволот носи Прада 2 оригиналниот каст остана непроменет со Мерилс Стрип, Емили Блант, Стенли Тучи и Ен Хатавеј.

 

Слични новости

Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите

Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.

Врисок 7 надмоќно прв на Бокс Офисот со заработка далеку над очекувањата

Седмиот дел на хорор франшизата „Врисок“ на студиото Парамаунт заработи спектакуларни 64 милиони долари на премиерниот викенд во САД. Филмот заработи и 33 милиони долари надвор од САД за заработка од 97 милиони долари за два дена прикажување.