Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до среда наутро, а во овие 24 часа на телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали.
Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти за недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.
Дополнително, меѓу барањата се и вклучување на етичките принципи во договорите, договор за регулатива за тужбите (anti-slapps); обврзувачки правила за вештачка интелигенција во медиумите; заштита на авторските права на новинарите итн.
Во 24-часовниот штрајк освен приватните медиуми учествуваат и државната телевизија ЕРТ и државната новинска агенција АНА-МПА.
Слични новости
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над две илјади туристички работници
Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година
Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора
Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета.