Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до среда наутро, а во овие 24 часа на телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали.
Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти за недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.
Дополнително, меѓу барањата се и вклучување на етичките принципи во договорите, договор за регулатива за тужбите (anti-slapps); обврзувачки правила за вештачка интелигенција во медиумите; заштита на авторските права на новинарите итн.
Во 24-часовниот штрајк освен приватните медиуми учествуваат и државната телевизија ЕРТ и државната новинска агенција АНА-МПА.
Слични новости
На истанбулскиот градоначалник му се заканува затворска казна до четири години
На градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу му се заканува затворска казна од две до четири години и забрана за политичко дејствување по обвинението за „обид да се влијае врз судски службеник, вештак или сведок“, објавија турските медиуми
Пирц Мусар: Состанокот во Париз покажува дека државите во Европа не се рамноправни
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар изјави во понеделникот дека само единствена Европа може да биде силен и рамноправен актер во меѓународните односи, реагирајќи на денешниот вонреден состанок во Париз посветен на Украина на кој беа поканети челнциите на семо некои европски земји
Лавров: Русија и Србија договораат како да се избегнат штетите од санкциите врз НИС
Лавров изјави денеска дека Русија и Србија се договорија да продолжат заеднички да работат за да се избегне штетата врз заедничките интереси од американските санкции врз НИС.