Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до среда наутро, а во овие 24 часа на телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали.
Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти за недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.
Дополнително, меѓу барањата се и вклучување на етичките принципи во договорите, договор за регулатива за тужбите (anti-slapps); обврзувачки правила за вештачка интелигенција во медиумите; заштита на авторските права на новинарите итн.
Во 24-часовниот штрајк освен приватните медиуми учествуваат и државната телевизија ЕРТ и државната новинска агенција АНА-МПА.
Слични новости
Мицотакис: Потребно е Европа да се разбуди од геополитичката и економската летаргија
За жал, неодамнешните случувања и овој различен поглед на работите од САД веќе нè обврзуваат,не само да се соочиме со вистината, туку да се движиме со многу голема брзина и да ги спроведеме одлуките за кои долго разговараме, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Thessaloniki Summit“.
Додик: Обвинителството на БиХ ја нападна институцијата претседател и институциите на Република Српска
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на БиХ, со покренување постапка против него, ја нападнало институцијата претседател и институциите на РС
Околу 7.000 лица лани биле депортирани од Грција или доброволно вратени во нивните земји
Минатата година околу 7.000 лица кои не добиле азил во Грција биле депортирани или доброволно вратени во нивните земји, додека, пак, од јануари биле вратени над 500 лица, информираше во средат министерот за миграција и азил Никос Панајотопулос