Без вести и информативни емисии, од утрово е Грција, поради 24-часовниот штрајк на новинарите организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Штрајкот започна од 5 часот и ќе трае до среда наутро, а во овие 24 часа на телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и голем дел од информативните портали.

Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти за недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.

Дополнително, меѓу барањата се и вклучување на етичките принципи во договорите, договор за регулатива за тужбите (anti-slapps); обврзувачки правила за вештачка интелигенција во медиумите; заштита на авторските права на новинарите итн.

Во 24-часовниот штрајк освен приватните медиуми учествуваат и државната телевизија ЕРТ и државната новинска агенција АНА-МПА.

globe

Слични новости

Додик се закани со забрана на Судот и Обвнителството на БиХ во РС, ако биде осуден

Додик се закани со забрана на Судот и Обвнителството на БиХ во РС, ако биде осуден

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции