Се случува она што Фуко го карактеризираше како „пацифизирачка нормализирачка форма на западната моќ“, односно крај на идеологијата. Имаме само раштркани поединци од кои секој е фокусиран на својата грижа за себе. Од тој аспект на либералниот индивидуализам, секое универзално определување, особено ако подразбира ризик по животот и здравјјето, е сомнително и ирационално.
Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија ги изненади и самите бунтовници. Каква улога имаа во овој ненадеен пресврт Израел, Турција, Русија и САД? Дали Русија се воздржа од воена интервенција затоа што не може да си дозволи уште една воена операција надвор од украинскиот фронт, или постоеше некаков договор зад сцената?
Дали САД повторно паднаа во замката на поддршка на исламистите против Русија, игнорирајќи ги лекциите од Авганистан во 80-тите? На Израел секако му беше од полза да се сверти вниманието од Газа и да заземе за себе територии во јужна Сирија.

Главната карактеристика на оваа приказна е отсуството на голема решавачка битка. Режимот просто се урна како кула од карти. Но, зошто исчезна секуларниот отпор против Асад, оставајќи им само на исламските фундаменталисти да ја искористат шансата?
Истото прашање важеше и за Авганистан. Зошто илјадници луѓе беа подготвени да ги ризикуваат животите за да побегнат од Кабул, но не и да се борат против талибанците? Воените сили на стариот авганистански режим беа подобро вооружени од талибанците, но едноставно не беа посветени на таа борба.
Се случува она што Фуко го карактеризираше како „пацифизирачка нормализирачка форма на западната моќ“, односно крај на идеологијата.
Имаме само раштркани поединци од кои секој е фокусиран на својата грижа за себе. Од тој аспект на либералниот индивидуализам, секое универзално определување, особено ако подразбира ризик по животот и здравјето, е сомнително и ирационално.
Најдоброто објаснување зошто се чини дека религијата сега го држи монополот врз колективната посветеност и саможртвување го дава Борис Буден кој тврди дека религијата како политичка сила ја одразува постполитичката дезинтеграција на општеството односно распадот на традиционалните врски кои гарантираа стабилни врски во заедницата. Фундаменталистиката религија веќе не е општествен феномен, туку таа самата станува структура на општеството.
Така веќе не е можно да се разликува чисто духовниот аспект на религијата од нејзината политизација во постполитичкиот универзум. Религијата е канал низ кој се враќаат антагонистичките страсти. Неодамнешните настани кои изгледаат како триумф на верскиот фундаментализам не претставуваат враќање на религијата во политиката, туку враќање на политичкото како такво, затоа што религијата стана политика по себе.
Прашањето е што се случи со секуларната радикална политика. Во нејзино отсуство Ноам Чомски верува дека се ближиме кон крајот на организираното општество-точка од која нема враќање, затоа што не сме во состојба ниту да усвоиме здраворазумски мерки за да го спречиме катаклизмичното уништување на животната средина.
Постои општа неподготверност да се впуштиме во политичка борба. Проблемот на Западот е што во тоа што нема волја да се бори за голема заедничка цел.

„Мировниците“ кои сакаат да заврши руската војна во Украина под кои и да е услови, на крајот ќе ги бранат своите комотни животи и подготвени се за тоа да ја жртвуваат Украина. Во право е италијанскиот филозоф Франко Берарди кој вели дека сме сведоци на „дезинтеграција на западниот свет“.
Славој Жижек
Проџект Синдикејт
Слични новости
Трамп тргна силно и веќе потпиша десетици извршни декрети
Првите часови по стапувањето на вториот мандат, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница со Мексико и распоредување на војската, нареди повлекување на Америка од Светската здравтсвена организација и помилува 1.600 учесници на насилните протести од упадот на Капитол во 2021.
Трамп и Европа: Затнете го носот и поклонете се
Треба да се заборави бинарниот, пристапот од Студената војна „со нас или против нас“. Многу земји се подготвени да бидат блиски со САД политички, со...
Прекин на огнот во Газа: Хамас испрати имиња на заложнички, борбите запрени
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа стапи на сила во неделата, речиси три часа по првично договорениот рок, запирајќи ја 15-месечната војна која донесе пустош и сеизмички политички промени на Блискиот исток