Крајот на француската политичка криза не се наѕира. Претседателот Емануел Макрон ќе именува нов премиер, но парламентот ќе остане поделен на три политички блока кои меѓусебно не се поднесуваат и се подготвени да ги кочат потребните реформи и новиот буџет што го предлагаат политичките противници.
Владата на францускиот премиер Мишел Барние падна откако мнозинството пратеници во националниот парламент гласаше за негово сменување. До гласањето во парламентот дојде бидејќи Барние ги искористи посебните овластувања и го одобри законот за буџетот без консултирање на парламентот. За недоверба на владата гласаа 331 пратеник, што е многу повеќе од потребните 289 за да падне владата.
Ова е за прв пат француската влада да ја разрешуваат од должноста пратениците со гласање за недоверба од 1962 година. Се очекува владата на Барние сега да работи во технички мандат додека францускиот претседател Емануел Макрон не прогласи име на нов мандатар, а според Уставот, нови парламентарни избори не може да бидат распишани доколку поминало помалку од една година од претходните.
Владата на Барние во парламентот ја поддржаа околу една третина од пратениците, а недоверба изгласаа членовите на најмногубројните коалиции собрани околу левичарскиот Нов народен фронт НФП и десничарскиот Национален собир предводен од Марин Ле Пен.
Ле Пен во обраќањето во парламентот рече дека начинот на кој е донесен буџетот ја принуди ејзината партија да гласа заедно со политичките противници од левичарска ориентација. „Буџетот што го донесовте е технократски и не се занимава со вртоглавото зголемување на безбедносните ризици и криминалот со кој се соочува земјата“.
Имиграцијата, куповната моќ и безбедноста се трите основни барања на Националниот собир, но вие ни дадовте само ронки, му порача таа на премиерот во заминување.
Двете опции за Франција се да добие влада со мнозинска поддршка во парламентот, што не е веројатно поради несогласувањата во парламентот, или технократска влада, која би ја водела земјата до наредните избори кои би можеле да бидат организирани дури на крајот на летото.
Франција и Германија се сметаат за идеолошки и политички мотор на Европската унија, но тој мотор сега не работи како подмачкан. Додека траат политичките превирања во Франција, Германија ја очекуваат вонредни парламентарни избори во февруари по распадот на коалицијата што ја сочинуваше актуеалната влада, а ефектите од овие политички кризи се чувствуваат во целата ЕУ.
Се повеќе се чини дека блокот не ги држи конците во своите раце и со успонот на автократските лидери кои имаат симпатии кон Русија како оние во Унгарија, Словачка и Романија.
Крајот на француската политичка криза не се наѕира. Претседателот Емануел Макрон ќе именува нов премиер, но парламентот ќе остане поделен на три политички блока кои меѓусебно не се поднесуваат и се подготвени да ги кочат потребните реформи и новиот буџет што го предлагаат политичките противници.
Француската економија е по германската најголемата во еврозоната, а буџетскиот дефицит оваа година порасна над границата што е прифатлива за ЕУ, што ги погаѓа и жителите на другите европски земји.
Германија, исто така има еконоски проблеми. Некогаш растечкиот извоз на оваа земја многу опадна, дури и пред воведувањето на новите царини што ги најави новозибраниот американски претседател Доналд Трамп, што претставува ризик во економска депресија да ги вовлече и другите земји од централна и источна Европа, особено оние во кои Германија има свои фабрики.
Сега на удар повторно е и Макрон, затоа што актуелната состојба во парламентот е последица на неговата одлука да распише вонредни избори во летото 2024, на кои неговата партија Ренесанса помина лошо.
Политичките противници на Макрон се почесто бараат негова оставка и тврдат дека тоа би било решението за политичката нестабилност, но тој одговара дека довербата на избори и барањата за предвремени претседателски избори ги нарекува „политичка фикција“.
Би Би Си
Слични новости
Што пропуштивме во Сирија
Се случува она што Фуко го карактеризираше како „пацифизирачка нормализирачка форма на западната моќ“, односно крај на идеологијата. Имаме само раштркани поединци од кои секој е фокусиран на својата грижа за себе.
Тејлор Свифт се искачи на врвот на светот. Што понатаму?
Тејлор Свифт собори рекорди, влезе во историјата и буквално предизвика земјотрес со својата двегодишна турнеја вредна две милијарди долари. Што друго можеше да направи најголемата ѕвезда на светот после тоа?
Криза на германските банки за храна
Третина од банките за храна се принудени да ја прекинат дистрибуцијата на храна или да воведат листи на чекање одвреме-навреме, а 60 отсто од нив имаат намалени пакети