Американското Федерално биро за истраги (FBI) пронашло илјадници нови документи поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Фитцџералд Кенеди откако актуелниот претседател Доналд Трамп побарал декласификација на разузнавачките и полициски документи за неговото убиство во Далас во 1963 година.
Во соопштението од вторникот FBI наведува дека спровел нови истраги и пребарувања на документ, откако републиканецот Трамп во текот на неговиот прв мандат во јануари ја потпиша извршната уредба поврзана со декласификацијата на документите. Тие дејствија довеле до инвентаризација и дигитализација на 2.400 документи коишто претходно не биле поврзувани со досието за убиството на Кенеди, соопшти FBI.
„FBI испрати известување за новооткриените документи и работи на нивното пренесува во националниот архив (NARA) за да бидат вклучени во моменталниот процес на декласификација“, соопшто Федералното биро за истраги.
Канцеларијата на директорот на Управата за разузнавачките агенции (DNI) минатата седмица испратил предлози до Трамп за тоа кои класифицирани документи за атентатот врз Кенеди би требало да бидат објавени, изјави за Reuters во вторникот портпаролот.
Бирото притоа не пружи детали за планот, ниту наведе кога документите ќе бидат обелоденети.

Фасцинацијата во САД но и во целиот свет со атентатот врз Кенеди, 35-от американски претседатели натаму трае по шест децении по самиот настан во Далас. Низ годините беа апострофирани низа пропусти во истрагата, контрадикторни наоди итн.
Трамп кој во јануари се врати во Белата куќа, во текот на предизборната кампања дека ќе ги декласфицира документите за атентатот. Притоа ја имаше поддршката на демократскиот сенатор Роберт Џ. Кенеди, внук од брат на убиениот претседател, и син на истоимениот политичар, исто така, убиен во атентат.
Американското Министерство за правосудство и неколку други федерални тела од власт со децении го потврдуваат заклучокот дека комунистичкиот приврзаник Ли Освалд е атентаторот. Меѓутоа, исто така со децении анкетите покажуваат многу големо мнозинство Американци веруваат дека убиството на браќата Кенеди е резултат на поширок заговор меѓу политиката, финансиските и разузнавачките кругови.
Во рамките на истиот извршен указ, Трамп исто така вети дека ќе ги објави и документите за атентатите врз црнечкиот борец за граѓански права Мартин Лутер Кинг помладиот и сенаторот Роберт Кенеди, кои се убиени во 1968 година. Притоа Трамп дозволи дополнително време за да се направи план за нивното објавување.
Изборот на Трамп за челник на Министерството за здравство и социјална грижа, Роберт Ф. Кенеи помладиот, синот на Роберт Кенеди и внук на Џон Кенеди, изјави дека верува оди Централната разузнавачка агенција (CIA) била вклуечена во смрта на неговиот чичко, што е обвинение коешто разузнавачката агенција го опиша како „неосновано“.
Кенеди Џуниор, исто така, рече дека врз основа на исказите, описите и снимките од настанот, верува оти неговиот татко би убиле повеќе напаѓачи, што е во спротивност со официјалните наоди.
Продолжуваат теориите на заговор
Дополнителните документи би можеле да откријат нови поединости за еден исклучително турбулентен период во американската историја, но историчарите велат дека не треба да се очекува дека ќе поддржат која и да е од теориите на заговор кои се плетат околу убиството на Џон Кенеди во 1963 година во Далас.
„Претпоставувам дека нема да добиеме ништо премногу драматично во објавените документи, но што и да е што од темелите би го изменило нашето разбирање за она што се случило во Далас“, вели Фредерик Логервол, професор по историја на Харвард и еден од четворицата историчари кои Reuters ги интервјуирал на оваа тема.
Додава дека, сепак, е подготвен на изненадувања.
Едно од откритијата коишто документите би можеле да ги содржат е дали CIA повеќе знаела за Ли Освалд отколку што досега тврдеше.
Документите кои откриваат дека CIA не ги отстапила разузнавачките податоци за истрагата на FBI би можело да бидат „голема приказна“, вели Џералд Поснер, автор на книга за атентатот која заклучува дека Освалд дејствувал самостојно.
„За мене прашањето не е дали CIA била соучесник, туку дали CIA не водела сметка“, додава Поснер.
Според него, остануваат отворени пашањата дали CIA знаела за посетата на Освалд на Мексико Сити шест седмици пред атентатот. Во текот на тоа патување, Освалд бил во советската амбасада.
Поснер додава и дека неговите главни прашања за 2.400-те нови документи се: што се тие и зошто на FBI му требале 62 години да ги пронајде?
Барбара Пери, еден од директорите на студиската програма за претседателскат усмена историја во образовната институција „Miller Center“, вели дека CIA „можеби го надгледувала Освалд“.
„FBI сигурно го правело тоа, но тие не собрале два и два. Но, тоа не беше заговор што се однесува до CIA или FBI или која било трета земја“, вели Пери која ја поддржува верзијата за самостојно дејствување на Освалд и не ги споменува другите наводи од „теориите на заговор“.
Објавувањето на документите, без разлика колку и да се обемни, веројатно ќе остави одредени противречнсоти во податоците за атентатот, според Алис Л. Џорџ, авторка на !The Assassination of John F. Kennedy: Political Trauma and American Memory”.
Затоа, таа очекува да продолжат теориите на заговор.
„Не можам да замислам документ кој би ги убедил (теоретичарите на заговор) дека Освалд дејствувал сам. А особено меѓу луѓето кои се многу вкоренети во тој начин на размислување. Тоа веројатно ќе ги остави на истото место на кое се сега“, вели Џорџ.

Слични новости
Илон Маск е глобален проблем: Раните денови на обидот за крајно десничарска револуција
Ова се раните денови на обидот на Маск за глобализација на крајно десничарска револуција. Крајно десничарското влијание на Маск се прошири и врз земји кои не ги посетил, а за нив малку зборувал.
Избори на Косово: Курти уверен дека ќе формира нова влада
Албин Курти е убеден дека ќе успее да формира влада. „ Ние сме победници и ова е потврда на добра, просперитетна и демократска влада“, изјави Курти опкружен од приврзаниците во Приштина кои вееја алабански и косовски знамиња.
Маск ризикува да ги одврати купувачите во ЕУ од „Tesla“
Зближувањето на Илон Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, неговата поддршка за европските крајно десничарски партии и нападите врз политиките за различности може да ги одвратат европските купувачи на елекричните автомобили на „Tesla“, сметаат аналитичарите