Цените на нафтата паднаа во четвртокот на меѓународниот пазар до 74 долари, бидејќи пораките од Вашингтон за можни мировни преговори меѓу Русија и Украина ги намалија стравувањата од нови пречки за испораките на руската нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за еден долар пониска од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 74,18 долари. Вчера го затвори тргувањето на минус 1,82 долари.

На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 97 центи пониска цена, по 70,40 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 1,95 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека цената на барелoт од референтната кошничка нафта на нејзините членки во средата паднала за 43 центи на 77,88 долари.

Пазарното расположение беше одбележано во средата со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека разговарал одделно по телефон со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двајцата претседатели рекоа дека сакаат мир, најави Трамп, додавајќи дека им наредил на официјалните лица да иницираат разговори за ставање крај на војната во Украина.

По еден час телефонски разговор со рускиот лидер, американскиот претседател рече дека тој (Путин) „сака војната да престане“. „Разговаравме за воспоставување прекин на огнот во не толку далечна иднина“, рече Трамп. По Путин, тој разговарал и еден час со украинскиот претседател Володимир Зеленски, според Киев.

Со оглед на тоа што американскиот претседател изјави дека е подготвен да воведе нови санкции кон Москва доколку таа не покаже дека е подготвена да преговара за мир, неговите изјави ги ублажија стравувањата од нови пречки за испораките на руската нафта.

Поранешниот американски претседател Џо Бајден воведе пакет санкции против руските транспортери на нафта и осигурителни компании кон крајот на неговиот мандат, објаснувајќи дека сака да го намали финансискиот капацитет на Москва за финансирање на војната во Украина.

Стравувањата од недостиг на снабдување сега стивнаа и некои учесници на пазарот очекуваат рускиот извоз да се зголеми, објаснува Џовани Стауново од UBS.

Цените на нафтата паднаа по веста за можни мировни преговори, во услови на оптимистички шпекулации дека ризиците за снабдување ќе бидат намалени, според аналитичарите на ANZ, посочувајќи на санкциите на САД и ЕУ.

„Последните седмици, цените беа поттикнати од знаците на тесни залихи, а американските санкции врз руските нафтени компании и бродови, според некои, ја влошија ситуацијата“, објаснуваат тие.

Шпекулациите за стабилен руски извоз следеа по знаците за слабеење на американската побарувачка. Така, залихите на сурова нафта во САД се зголемија за 4,1 милиони барели минатата недела, покажаа податоците од Министерството за енергетика во средата.

globe

Слични новости

Нафтата поскапе над 71 долар

Нафтата поскапе над 71 долар

Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини