Голема златна монета искована во 1609 година за шпанскиот крал Филип III ги собори рекордите и стана највредната монета во Европа.

Уникатна златна монета со тежина од 339 грама е продадена на аукција во Швајцарија за 3,49 милиони долари, објави аукциската куќа Numismatica Genevensis SA, потврдувајќи дека е урнат европскиот рекорд за највредна монета.

Овој уникатен предмет имаше почетна цена од 2 милиона швајцарски франци (приближно 2,48 милиони американски долари).

 

Сентенот, или 100 ескудоси во поранешната шпанска валута, е направен во централниот шпански град Сеговија од злато коешто морепловците го донеле од „новиот свет“.

Откако бил изгубен неколку векови, се појавил во Соединетите држави околу 1950 година, каде што бил купен од колекционер од Њујорк и продаден на шпански купувач. Златната монета подоцна била продадена на аукција на друг колекционер чиј идентитет е непознат.

Претходниот рекорд го држеше дукатот кој некогаш му припаѓал на Фердинанд III Хабсбуршло и беше продаден за 2,42 милиони долари, изјави Франк Балдачи, директор на аукциската куќа.

globe

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година