Владата на Шпанија побара од канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи дигиталните платформи Мета, ТикТок и Икс поради можно креирање и ширење на детска порнографија, соопшти шпанскиот премиер Педро санчез.
Санчез наведе дека овие платофрми се станати „пропадната држава“ каде што законите се игнорираат а злостроствата се толерираат, загрозувајќи ги менталното здравје, достоинството и правата на децата.
Владата побара од јавната обвинителка соодветни правни мерки и да воспостави механизми за заштита на жртвите.
Слични новости
Стапија во сила новите мерки за руските дипломати во ЕУ
Денеска стапија во сила мерки кои ја ограничуваат слободата на движењето на руските дипломати во Европската унија за да спречат шпионажа и ширење на дезинформации, наведе ЕУ.
Сибиха: Путин цинично нареди масивен напад врз Украина за време на разговорите во Абу Даби
Официјален Киев предупреди дека руските ракети не го погодија само украинскиот народ, туку и преговарачката маса.
Во Абу Даби продолжен трилатералниот состанок за Украина
Во Абу Даби денеска продолжи трилатералната средба за постигнување мировно решение за Украина на која учествуваат украинска, руска и американска делегација, јави Ројтерс.


