Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута од напреварот, а Аргентина од 87-та минута играше со играч помалку откако во 87-та беше исклучен Енцо Фернандес поради два жолти картони.

Куриозитет на финалето е што претходниот светски првак Аргентина во регуларните 90 минути не упати ниту еден удар на голот на Шпанија, ниту во рамките на голот, ни покрај голот, додека Шпанија имаше дури 16 удари на гол, од кои 10 ги одбрани аргентинскиот голман Мартинез.

Финалето беше прилично незанимливо со игра само на еден тим, а Аргентина се надеваше да издржи да не прими гол и да се обиде да победи на пенали, но на крајот фантастичниот голман Мартинез не можеше да го одбрани шутот на Торес.

Слични новости

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина.