Гинисовата книга на рекорди соопшти дека по завршувањето на Светското првенство во фудбал Шпанија собори дури четири светски рекорди.
Како што е соопштено на официијалната страница на Гинисовата книга на рекорди, Шпанија имаше најмногу натпревари во историјата на Светските првенства без примен гол -дури 7, и прими само еден гол, со што го собори сопствениот рекорд кога на Светското првенство во 2010-та прими само два.
Селекторот Луис де ла Фуенте со 65 години стана најстариот селектор кој некогаш освоил Светско првенство.
Последниот рекорд што го соборија Шпанците е низа без пораз од 38 мечеви во сите натпреварувања.
Слични новости
Евтаназијата легализирана во цела Австралија
Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.
„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари
Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.
Повеќе од 20 000 луѓе во најголемата светска борба со домати
Камиони полни со домати минуваа низ масата луѓе, додека луѓето од нив фрлаа домати врз насобраните, пренесуваат шпанските медиуми. Оваа година во борбата биле искористени 165 тони домати.


