Шпанија, Словенија и Ирска побараа Европската унија да ја суспендира спогодбата со Израел за придружување, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес.

Пред состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел Албарес порача дека трите европски земји побарале прашањето на суспензијата формално да се наведе во дневниот ред на состанокот и за него да се расправа, пренесува Ројтерс.

Иницијативата уследува во рамките на дебатата во ЕУ за односите со Израел и можните политички мерки во врска со актуеланат ситуација на Блискиот исток.

Слични новости

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Американскиот милијардер Илон Маск оцени дека масовните протести против постапките на имиграциската полиција на САД „ИЦЕ“ се сигнал дека во земјата започна „нова граѓанска војна“, пренесуваат американските медиуми.