Шпанија ќе го забрани пристапот на социјални мрежи на малолетници помлади од 16 години, а платформите ќе бидат обврзани да воведат систем на проверка на возраста, изјави денеска шпанскиот премиер ОПедро санчез.

„Нашите деца се изложени во простор во кој никогаш не требаше сами да се снаоѓаат. Тоа веќе нема да го толерираме. Ќе ги заштитиме од дигиталниот Див запад“, порача Санчез.

Тој додаде дека неговата влада идната недела ќе претстави и нов закон со кој извршните директори на социјалните мрежи би биле одговорни за илегална содржина и говор на омраза.

Потегот на владата во Мадрид внимателно го следат и други земји кои разгледуваат слични мерки, како Велика Британија и Франција, пренесуваат светските агенции.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.