Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати е новиот светски шампион во мотоцикли во Мото ГП класата, откако на последната трка сезонава во Барселона заврши трет, што беше доволно за одбрана на првата позиција.
Барселона се вклучи како домаќин откако трката во Валенсија беше откажано поради последиците од неодамнешните поплави.
Мартин во Барселона пристигна со 24 поени повеќе од бранителот на титулата Италијанец Франческо Бањаи. Сепак, со саботното славје во спринтот, Италијанецот ја намали разликата на 19 поени во пресрет на последната етапа од сезоната.
Шпанецот и натаму беше голем фаворит за освојување на титулата, бидејќи му беше доволно да заврши меѓу деветте првопласирани за севкупен триумф.
На крајот беше трет, што беше доволно за големо славје. На Италијанецот не му помогна ниту тоа што беспрекорно си ја заврши работата. Најдобрата стартна позиција ја претвори во водство и без проблеми победи, но на крајот мораше да му честита на новиот шампион.
На крајот победи Мартин со 508 поени, втор беше Багнаја со 498 поени, додека трет беше Шпанецот Марк Маркез со 392 поени.
Слични новости
Евролига: Партизан моќен против Панатинаикос, ја продолжи серијата победи
Кошаркарите на белградскиот Партизан беа супериорни во преполната „Белградска арена“ во дуелот со актуелниот европски првак грчки Панатинаикос и го победија со 91:73 (20:20, 24:17, 20:12, 27:24) во 14. коло на Евролигата
Познати групите за клупското светско првенство на ФИФА
Извлекувањето на групите за Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година, беше одржано во „Телемундо центарот“ во Мајами
Душко Ивановиќ нов тренер на Виртус Болоња
Искусниот црногорски кошаркарски стручњак Душко Ивановиќ од четвртокот е нов тренер на евролигашот Виртус од Болоња