Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати е новиот светски шампион во мотоцикли во Мото ГП класата, откако на последната трка сезонава во Барселона заврши трет, што беше доволно за одбрана на првата позиција.

Барселона се вклучи како домаќин откако трката во Валенсија беше откажано поради последиците од неодамнешните поплави.

Мартин во Барселона пристигна со 24 поени повеќе од бранителот на титулата Италијанец Франческо Бањаи. Сепак, со саботното славје во спринтот, Италијанецот ја намали разликата на 19 поени во пресрет на последната етапа од сезоната.

Шпанецот и натаму беше голем фаворит за освојување на титулата, бидејќи му беше доволно да заврши меѓу деветте првопласирани за севкупен триумф.

На крајот беше трет, што беше доволно за големо славје. На Италијанецот не му помогна ниту тоа што беспрекорно си ја заврши работата. Најдобрата стартна позиција ја претвори во водство и без проблеми победи, но на крајот мораше да му честита на новиот шампион.

На крајот победи Мартин со 508 поени, втор беше Багнаја со 498 поени, додека трет беше Шпанецот Марк Маркез со 392 поени.

globe

Слични новости

Меси најдобар играч во МЛС

Меси најдобар играч во МЛС

Осумкратниот освојувач на Златната топка, 38-годишниот Лионел Меси е прогласен за најдобар играч (МВП) на северноамериканскиот фудбалски шампионат

НБА тимовите повторно ќе играат во Кина

НБА тимовите повторно ќе играат во Кина

По повеќегодишна пауза НБА екипите повторно ќе играат во Кина, но засега само подготвителни натпревари, објави И ЕС ПИ ЕН. Според информациите на оваа телевизија, Феникс Санс и Бруклин Нетс треба да одиграат два подготвителни натпревара во октомври во Макао.