Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати е новиот светски шампион во мотоцикли во Мото ГП класата, откако на последната трка сезонава во Барселона заврши трет, што беше доволно за одбрана на првата позиција.

Барселона се вклучи како домаќин откако трката во Валенсија беше откажано поради последиците од неодамнешните поплави.

Мартин во Барселона пристигна со 24 поени повеќе од бранителот на титулата Италијанец Франческо Бањаи. Сепак, со саботното славје во спринтот, Италијанецот ја намали разликата на 19 поени во пресрет на последната етапа од сезоната.

Шпанецот и натаму беше голем фаворит за освојување на титулата, бидејќи му беше доволно да заврши меѓу деветте првопласирани за севкупен триумф.

На крајот беше трет, што беше доволно за големо славје. На Италијанецот не му помогна ниту тоа што беспрекорно си ја заврши работата. Најдобрата стартна позиција ја претвори во водство и без проблеми победи, но на крајот мораше да му честита на новиот шампион.

На крајот победи Мартин со 508 поени, втор беше Багнаја со 498 поени, додека трет беше Шпанецот Марк Маркез со 392 поени.

globe

Слични новости

Атланта ги победи Лејкерс 134:132 по продолженија, во највозбудливиот натпревар од НБА утринава

Атланта ги победи Лејкерс 134:132 по продолженија, во највозбудливиот натпревар од НБА утринава

Атланта на домашен терен ги победи Лејкерс со 134:132 во продлежнието, со тројка што ја постигна Треј Јанг пред самиот крај на натпреварот. Треј јанг на натпреварот постигна 31 кош и дури 20 асистенции.