Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Прамак Дукати е новиот светски шампион во мотоцикли во Мото ГП класата, откако на последната трка сезонава во Барселона заврши трет, што беше доволно за одбрана на првата позиција.
Барселона се вклучи како домаќин откако трката во Валенсија беше откажано поради последиците од неодамнешните поплави.
Мартин во Барселона пристигна со 24 поени повеќе од бранителот на титулата Италијанец Франческо Бањаи. Сепак, со саботното славје во спринтот, Италијанецот ја намали разликата на 19 поени во пресрет на последната етапа од сезоната.
Шпанецот и натаму беше голем фаворит за освојување на титулата, бидејќи му беше доволно да заврши меѓу деветте првопласирани за севкупен триумф.
На крајот беше трет, што беше доволно за големо славје. На Италијанецот не му помогна ниту тоа што беспрекорно си ја заврши работата. Најдобрата стартна позиција ја претвори во водство и без проблеми победи, но на крајот мораше да му честита на новиот шампион.
На крајот победи Мартин со 508 поени, втор беше Багнаја со 498 поени, додека трет беше Шпанецот Марк Маркез со 392 поени.
Слични новости
Победи на Атлетико и Лил во Лигата на шампионите
„Јорганџиите“ го совладаа Слован Братислава со 3:1, додека францускиот тим беше подобар со 3:2 од австриски шампион Штурм
Оклахома Сити и Милвоки во полуфиналето на НБА Купот
Кошаркарите Оклахома Сити Тандер и Милвоки Бакс синоќа се пласираа во полуфиналето на НБА Купот победувајќи ги Далас Маверикс и Орландо Меџик
Преглед на фудбалската Лига на шампионите
Актуелниот европски првак Реал Мадрид во Бергамо ја победи домашната Аталанта со 3:2 во натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите, Баерн Минхен мина низ Гелзенкирхен совладувајќи го Шахтјор со 5:1, додека Баер Леверкузен го совлада Интер во последните моменти од натпреварот