
Хип хоп пејачот Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија во кои се наведува дека тој ги принудувал вработените да работат дополнителни работни часови под закана, како и дека принудил најмалку една вработена да се впушти во сексуални односи со него, пренесе Еј Би Си њуз.
Новото обвинение против Комбс, по минатогодишното апсење врз основа на федерални обвиненија ги вклучува дополнителните наводи за принудна работа и рекетирање.
Околу обвинението за изнуда на сексуални односи се наведува дека „Комбс користел физичка сила, психичка повреда, финансиска штета, повреда на репутацијата и закани за да ја наведе вработената да се впушти во сексуални односи со Комбс“, се наведува во обвинението.
Раперот Комбс беше уапсен во септември 2024 и останува во притвор во федералниот затвор во Бруклин под обвинение за сексуална трговија и рекетирање.
Слични новости
Судење за кражбата на златната вц-школка од дворецот во кој е роден Черчил
Во 2019 година беше извршен „смел упад“ за да се украде златната тоалетна шолја вредна 2,8 милиони фунти од дворецот Бленхајм, каде што е роден...
Капетан Америка и натаму прв на американскиот Бокс офис
На второто место на Бокс офисот е „Мајмунот“ на Озгуд Перкинс со заработка од 14,2 милиони долари. Станува збор за независна продукција која чини само 10 милиони долари, базирана на кус расказ на Стивен Кинг.
Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка
Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија која го освоила џекпотот, ветувајќи дека ќе ја подели наградата од 500.000 евра