Хип хоп пејачот Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија во кои се наведува дека тој ги принудувал вработените да работат дополнителни работни часови под закана, како и дека принудил најмалку една вработена да се впушти во сексуални односи со него, пренесе Еј Би Си њуз.

Новото обвинение против Комбс, по минатогодишното апсење врз основа на федерални обвиненија ги вклучува дополнителните наводи за принудна работа и рекетирање.

Околу обвинението за изнуда на сексуални односи се наведува дека „Комбс користел физичка сила, психичка повреда, финансиска штета, повреда на репутацијата и закани за да ја наведе вработената да се впушти во сексуални односи со Комбс“, се наведува во обвинението.

Раперот Комбс беше уапсен во септември 2024 и останува во притвор во федералниот затвор во Бруклин под обвинение за сексуална трговија и рекетирање.

 

Слични новости

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,