Германскиот канцелар Олаф Шолц се обиде во неделата, по критиките од Украина и опозицискиот табор, да го оправда својот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во петокот.
„Мислам дека е многу важно да му ставиме до знаење на Путин дека не може да смета на фактот дека поддршката од Германија, Европа и многу други ќе опадне“, изјави германскиот канцелар Шолц пред да замине на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.

Уште еднаш нагласи дека му дал на Путин до знаење дека Германија нема да дозволи мир што ќе дојде на штета на Украина.
„Без согласност на Украина, нема да се носат одлуки за оваа војна“, рече Шолц.
Шолц објасни дека неговиот телефонски разговор со Путин во петокот, прв во последните две години, го убедил дека рускиот претседател не го променил ставот за војната во Украина, што според него „не е добра вест“.
По телефонскиот разговор во петокот, официјален Киев го критикуваше Шолц, велејќи дека таквите потези може да му помогнат на Путин да излезе од изолација.
Портпаролот за надворешна политика на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU), Јирген Хард, го обвини Шолц дека му помага на Путин да го постигне овој „пропаганден успех“.
Слични новости
Орбан: Продолжувањето на финансирањето на украинската одбрана ќе ја уништи Европа
Европската унија не може да си дозволи да ги финансира воените напори на Украина, бидејќи американската финансиска помош повеќе не е загарантирана, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако лидерите на 26 земји од ЕУ, со исклучок на Унгарија, потпишаа изјава во која изразуваат поддршка за Украина
Украинските капацитети за гас оштетени во голем руски напад
Руските сили ја погодија енергетската и гасната инфраструктура на Украина во нивниот најнов напад со беспилотни летала и проектили, изјави во петокот украинскиот министер за енергетика
Австралија: Десетици илјади евакуирани пред циклонот Алфред
Австралиските власти наредија евакуација на илјадници луѓе во источните региони пред пристигнувањето на тропскиот циклон Алфред, бидејќи невремето веќе донесе силен дожд