Германскиот канцелар Олаф Шолц се обиде во неделата, по критиките од Украина и опозицискиот табор, да го оправда својот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во петокот.
„Мислам дека е многу важно да му ставиме до знаење на Путин дека не може да смета на фактот дека поддршката од Германија, Европа и многу други ќе опадне“, изјави германскиот канцелар Шолц пред да замине на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.
Уште еднаш нагласи дека му дал на Путин до знаење дека Германија нема да дозволи мир што ќе дојде на штета на Украина.
„Без согласност на Украина, нема да се носат одлуки за оваа војна“, рече Шолц.
Шолц објасни дека неговиот телефонски разговор со Путин во петокот, прв во последните две години, го убедил дека рускиот претседател не го променил ставот за војната во Украина, што според него „не е добра вест“.
По телефонскиот разговор во петокот, официјален Киев го критикуваше Шолц, велејќи дека таквите потези може да му помогнат на Путин да излезе од изолација.
Портпаролот за надворешна политика на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU), Јирген Хард, го обвини Шолц дека му помага на Путин да го постигне овој „пропаганден успех“.
Слични новости
ОН изразија поддршка за хуманитарните цели на новата сириска влада
Потсекретарот за хуманитарни прашања и координаторот за итни случаи на Обединетите нации (ОН), Том Флечер во понеделникот се сретна со командантот на новата сириска влада Ахмад ал-Шар и новоименуваниот премиер Мохамед ал-Башир, на разговори за зголемување на хуманитарната помош за земјата
Израелски тим во Доха преговара за можен прекин на огнот во Газа
Преговорите во моментов се фокусирани на надминување на разликите меѓу Хамас и Израел според предложениот договор на американскиот претседател Џо Бајден
Калас: ЕУ треба да ги ублажи санкциите по „позитивните чекори“ на сириските власти
Европската унија треба да ги ублажи санкциите кон Сирија доколку новото водство на земјата преземе „позитивни чекори“ за формирање инклузивна влада која ги почитува правата на жените и малцинствата, рече еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас