Германскиот канцелар Олаф Шолц се обиде во неделата, по критиките од Украина и опозицискиот табор, да го оправда својот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во петокот.
„Мислам дека е многу важно да му ставиме до знаење на Путин дека не може да смета на фактот дека поддршката од Германија, Европа и многу други ќе опадне“, изјави германскиот канцелар Шолц пред да замине на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.
Уште еднаш нагласи дека му дал на Путин до знаење дека Германија нема да дозволи мир што ќе дојде на штета на Украина.
„Без согласност на Украина, нема да се носат одлуки за оваа војна“, рече Шолц.
Шолц објасни дека неговиот телефонски разговор со Путин во петокот, прв во последните две години, го убедил дека рускиот претседател не го променил ставот за војната во Украина, што според него „не е добра вест“.
По телефонскиот разговор во петокот, официјален Киев го критикуваше Шолц, велејќи дека таквите потези може да му помогнат на Путин да излезе од изолација.
Портпаролот за надворешна политика на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU), Јирген Хард, го обвини Шолц дека му помага на Путин да го постигне овој „пропаганден успех“.
Слични новости
Нетанјаху во проверка на ситуацијата на Голан
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети тампон зоната во Сирија во која влезе израелската војска по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Украина разоткрила 12 агенти кои шпионирале за Русија
Украинската безбедносна служба СБУ во вторникот објави дека открила 12 агенти кои шпионирале за Русија за да ги откријат локациите на авионите „F-16“ и системите за противвоздушна одбрана во Украина
Мерки за претпазливост за четири лица, за Груби и поранешен директор мерки притвор по нивното пронаоѓање
Основното јавно обвинителство од Скопје побара притвор за поранешниот потпретседател на Владата, Артан Груби веднаш штом ќе биде приведен како осомничен за злоупотреба во вршење на службената должност