Германскиот канцелар Олаф Шолц се обиде во неделата, по критиките од Украина и опозицискиот табор, да го оправда својот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во петокот.

„Мислам дека е многу важно да му ставиме до знаење на Путин дека не може да смета на фактот дека поддршката од Германија, Европа и многу други ќе опадне“, изјави германскиот канцелар Шолц пред да замине на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро.

 

Уште еднаш нагласи дека му дал на Путин до знаење дека Германија нема да дозволи мир што ќе дојде на штета на Украина.

„Без согласност на Украина, нема да се носат одлуки за оваа војна“, рече Шолц.

Шолц објасни дека неговиот телефонски разговор со Путин во петокот, прв во последните две години, го убедил дека рускиот претседател не го променил ставот за војната во Украина, што според него „не е добра вест“.

По телефонскиот разговор во петокот, официјален Киев го критикуваше Шолц, велејќи дека таквите потези може да му помогнат на Путин да излезе од изолација.

Портпаролот за надворешна политика на опозициската Христијанско-демократска унија (CDU), Јирген Хард, го обвини Шолц дека му помага на Путин да го постигне овој „пропаганден успех“.

globe

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.