Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во ненадејна еднодневна посета на Украина, со намера да изрази солидарност со таа земја во војната со Русија и да ја пренесе силната поддршка на Германија.

Германските медиуми јавуваат дека тој допатувал рано утринава во Киев, со ноќен воз. Шолц ќе води разговори со украинскиот претседател Владимир Зеленски кому ќе му најави натамошни испораки на оружје од Германија во вредност од 650 милиони евра.

„Украина херојски се брани повеќе од 1.000 денови во немилосрдниата агресорска војна што ја отпочна Русија. Со оваа посета сакам да изразам солидарности јасно да ставам до знаење дека Германија ќе остане најсилната поддршка на Украина во Европа“, изјави Шолц по пристигнувањето во Украина.

Ова е втора посета на Олаф Шолц на Украина од започнувањето на војната.

Слични новости