Илјадници српски граѓани, предводени од студенти, во неделата со протестни собири и блокади на патиштата, оддавајќи им почит на 15-те жртви, одбележуваат 100 дена од смртоносното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад .
Во Нови Сад студенти и граѓани ги блокираа пристапните патишта до градот и на асфалтот со црвена боја ја напишаа пораката „100 дена – 0 одговорност“.
Студентите од Земјоделскиот факултет во Белград организираа блокада на мостот „Газела“, клучка на меѓународниот автопат Е-75, а во седумчасовната блокада беа поддржани од група земјоделци кои ги паркираа тракторите на патот за да спречат инциденти кои претходно се случија, како повредување демонстранти во налет на автомобили.

Носејќи транспаренти со имињата на загинатите при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, студентите симболично фрлија 15 бели рози, испрскани со црвен спреј, од мостот „Газела“ во реката Сава.
Во Ниш со поддршка од граѓаните до 21 часот ќе ја блокираат наплатната рампа на северниот влез во градот од автопатот, а наставата е во прекин во сите четири нишки средни училишта, чии студенти и професори им даваат поддршка на студентите кои блокираат повеќе од 60 факултети во сите четири државни универзитетски центри во Србија.
Најмасовни собири се во Белград, Нови Сад и Ниш, додека група студенти од Крагуевац од утрото трчаат на штафетен маратон до Белград, долг околу 120 километри, за да повикаат на голем митинг во Крагуевац.
Учениците од маратонот ќе бидат пречекани вечерва околу 22 часот во Белград, кога ќе им врачат симболични покани на колегите во главниот град да се соберат во Крагуевац на 15. февруари и да ја одбележат годишнината од српската уставотвореост и државност, во спомен на првиот устав на тогашното Кнежество Србија од 1835 година, кое се сметаше за постигнување во најлибералната револуција во Европа.
Со симболичен 15-минутен молк и блокади на патиштата од 11:52 часот, кога се урна настрешницата на 1 ноември минатата година, денеска во повеќе градови низ Србија се одржа комеморативната акција „Стоп, Србија“, во која граѓаните им оддаваат почит на 15-те жртви на железничката станица во Нови Сад.

Слични новости
БиХ: Се вжештува атмосферата во исчекување на пресудата за Додик
Босна и Херцеговина го исчекува објавувањето на пресудата оваа седмица од судскиот процсез на политичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, кој ветува „одговор“ и предизвикува страв од ескалација три децении по војната
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии
Албанците се рангирани по Грузијците за принудно враќање од земјите на ЕУ во 2024 година
Албанските граѓани се рангирани на второто место по Грузијците по бројот на принудни враќања од некоја од земјите на Европската унија во текот на 2024 година.