
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Во фокусот на разговорите, како што информираат од МНР, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена.
Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Унгарија.
Слични новости
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.
Родителите на настраданите во Кочани побараа од обвинителството да им го објасни обвинителниот акт
Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа.
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.