Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски,  Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни (3,2 милиони долари) – објави „Укринформ“.

Судијата пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со можност за ослободување со кауција.

Јермак се соочува со обвиненија за перење пари. Тој и пет други осомничени се обвинети дека се дел од организирана група, која наводно испрала речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) поврзани со луксузен градежен проект во близина на Киев, пренесува ДПА.

Јермак категорично ги негира обвинувањата изјавувајќи дека нема финансиски средства да ја плати кауцијата, која е еквивалентна на 2,72 милиони евра.

 

Слични новости

Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран

Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран

Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот.

Демократите се закануваат со тужба против Трамп поради војната со Иран

Демократите се закануваат со тужба против Трамп поради војната со Иран

Демократските конгресмени ја разгледуваат можноста за поднесување на тужба против американскиот претседател Трамп доколку ја продолжи воената операција против Иран по Први мај, без одобрение на Конгресот.