Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска објави дека шефот на неговиот кабинет Андреј Јермак поднесе оставка.
Зеленски му се заблагодари на Јермак за досегашната работа и порача дека утре ќе изврши консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет.
Украинските власти за борба против корупцијата денеска извршија и претсрес во куќата на Андреј Јермак, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина- НАБУ.
Претходно, НАБУ ги објави резултатите за нивната истрага во енергетскиот сектор според кои неколку украински официјални лица беа вмешани во систематско перење пари и незаконско богатење, а на чело на шемата беше Тимур Миндич, поранешен бизнис партнер на Зеленски.
Украиската министерка за енергетика Светлана Гринчук и министерот за правда Герман Галушченко поднесоа оставки, откако нивните имиња се појавија во истрагата.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


