Границите на Украина не можат да се менуваат со сила, нејзината армија не може да се намали и да се остави ранлива на напади, а Европската Унија мора да игра централна улога во мировниот договор за Украина, изјави во недела претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Изјавата на фон дер Лајен доаѓа во време кога високи претставници од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија водат разговори во Женева за нацрт-планот на Вашингтон за прекин на војната во Украина.

 

„Секој кредибилен и одржлив мировен план треба пред сè да го запре убивањето и да ја прекине војната, а не да сее семе за иден конфликт“, рече шефицата на ЕК.

Таа потсети на главните елементи потребни за праведен и траен мир и суверенитет на Украина.

„Прво, границите не можат да се менуваат со сила. Второ, како суверена нација, не може да има ограничувања за вооружените сили на Украина што би ја направиле земјата ранлива на идни напади и со тоа би ја поткопале европската безбедност“, рече фон дер Лајен.

„И трето, централната улога на Европската Унија во обезбедувањето мир за Украина мора целосно да се одрази. Украина мора да има слобода и суверено право да ја избере својата судбина. Таа избра европска судбина“, рече претседателот на Комисијата.

Преговорите за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина започнаа во Женева во недела.

Украина започна состаноци со претставници на своите европски сојузници, Германија, Велика Британија и Франција, а следниот чекор се разговори со американската делегација.

Украина се бори против руската агресија со помош на Западот речиси четири години.

Планот на Трамп од 28 точки бара големи отстапки од Украина, а украинскиот претседател наговести дека неговата влада планира да предложи алтернатива.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе