Две седмииц по големата трагедија во Кочани денеска шест пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство, пет се од Србија (кои биле хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш и ВМА Белград ) и еден од Италија. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Според подацоите на Министерството за здравство кај останатите пациенти во странство кај дел има подобрување, додека неколкумина сè уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.

Во здравствените установи во државава се хоспитализирани 16 пациенти во добра општа состојба. Шест во ГОБ 8 септември и исто толку на Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“ кај кои беше направена трансплантација на кожа.

„Сите се во добра општа здравствена состојба, локалниот статус е во подобрување и истите се подложни на редовни преврски и редовни контроли во однос на лабораториски анализи, така што можам да кажам дека нивната состојба е стабилна“, изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Да, имаме најава дека еден од пациентите од соседна Србија, мислам од Ниш би требало во текот на денот да се врати со медицински надзор од таму, така што подготвени сме за негово прифаќање и понатамошно постапување во зависност од неговата здравствена состојба“, додава Настов.

Во приватните болници се хоспитализирани четири пациенти.

Во моментов на Клиниката за токсикологија нема хоспитализирано пациенти, за прием на нови кои се во странство и кои би требало да го продолжат лекувањето во земјава се очекуваат дополнителни информации.

„Од завчера имавме прием на четворица пациенти од кои тројца ги пуштивме по опсервација од 24 часа. И една пациентка ја задржавме уште 24 часа и ѝ направивме некои дополнителни клинички иследувања, меѓутоа затоа што сите иследувања беа во референтни вредности и неа во текот на вчерашниот ден ја пуштивме на домашно лекување така што денес на клиниката немаме ниту хоспитализирани, ниту опсервирани пациенти“, изјави проф. д-р Андон Чибишев, директор на Универзитетска клиника за токсикологија.

Во меѓувреме за пациентите кои се на домашно лекување во Кочани ќе продолжат да се испраќаат мултидисциплинарни тимови, составени од пластични хирурзи, психолози и психијатри.

globe

Слични новости

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски