Германскиот инженерски гигант „Siemens“ објави дека ќе укине речиси шест илјади работни места во наредните години, нагласувајќи ги проблемите во својот оддел за индустриска автоматизација.

Повеќето работни места ќе бидат укинати до септември 2027 година, а покрај работењето во секторот за автоматизација, компанијата има намера да го намали и бројот на работници во одделот за полнење електрични возила.

Во ноември, извршниот директор Роланд Емил Буш привремено објави дека ќе укине меѓу илјада и пет илјади работни места.

Нарачките и приходите во работењето со индустриска автоматизација значително се намалија во текот на изминатите две години поради намалената побарувачка на клучните пазари, првенствено Германија и Кина, и зголемениот конкурентски притисок, се вели во соопштението на германската компанија.

„Треба подобро да го прилагодиме односот на бизнисот по регион и да ја прошириме базата на клиенти“, изјави членот на извршниот одбор Седрик Неике за германскиот деловен весник Handelsblatt.

„Siemens“, според неговите зборови, мора да расте посилно на азиските пазари како што е Индија, но и во САД, и да биде поактивен во воздухопловните и во секторите за производство на оружје и воена опрема, како и во преработувачката индустрија.

Синдикатите велат дека раководството ја изневерило довербата што им била дадена.

„Трансформацијата не се постигнува со намалување на обемот на бизнисот, туку со позитивни промени, првенствено преку развој и обука (на работниците)“, нагласи Јурген Кернер, потпретседател на синдикатот IG Metall и член на надзорниот одбор на „Siemens“.

globe

Слични новости

Волстрит падна втор ден по ред поради царините

Цените на акциите паднаа на Волстрит во четвртокот, втор ден по ред, додека инвеститорите анализираа како царините за увоз на автомобили во САД ќе влијаат на локалната автомобилска индустрија

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот близу 74 долари, што ги одразува поделените проценки на инвеститорите за можното влијание на новите американски царини врз побарувачката на горива