Германскиот инженерски гигант „Siemens“ објави дека ќе укине речиси шест илјади работни места во наредните години, нагласувајќи ги проблемите во својот оддел за индустриска автоматизација.

Повеќето работни места ќе бидат укинати до септември 2027 година, а покрај работењето во секторот за автоматизација, компанијата има намера да го намали и бројот на работници во одделот за полнење електрични возила.

Во ноември, извршниот директор Роланд Емил Буш привремено објави дека ќе укине меѓу илјада и пет илјади работни места.

Нарачките и приходите во работењето со индустриска автоматизација значително се намалија во текот на изминатите две години поради намалената побарувачка на клучните пазари, првенствено Германија и Кина, и зголемениот конкурентски притисок, се вели во соопштението на германската компанија.

„Треба подобро да го прилагодиме односот на бизнисот по регион и да ја прошириме базата на клиенти“, изјави членот на извршниот одбор Седрик Неике за германскиот деловен весник Handelsblatt.

„Siemens“, според неговите зборови, мора да расте посилно на азиските пазари како што е Индија, но и во САД, и да биде поактивен во воздухопловните и во секторите за производство на оружје и воена опрема, како и во преработувачката индустрија.

Синдикатите велат дека раководството ја изневерило довербата што им била дадена.

„Трансформацијата не се постигнува со намалување на обемот на бизнисот, туку со позитивни промени, првенствено преку развој и обука (на работниците)“, нагласи Јурген Кернер, потпретседател на синдикатот IG Metall и член на надзорниот одбор на „Siemens“.

globe

Слични новости

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт сè уште го брка нивото пред пандемијата

Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата