Речиси 6.000 луѓе го напуштиле Санторини во изминатите 48 часа поради потресите што продолжуваат да го погодуваат грчкиот туристички остров, како и соседниот Аморгос, објавија во вторник грчките власти.
Околу 4.640 патници се качиле на четири фериботи кои го напуштија светски познатиот вулкански остров од неделата, според податоците дадени за AFP од грчката крајбрежна стража во вторникот.
Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни.
Два ферибота треба да тргнат од Санторини во текот на денот за Пиреја, главното пристаниште во близина на Атина.
„Аegean Airlines“ планира осум летови во вторник со „вкупен капацитет од повеќе од 1.400 седишта“ и во соопштението се вели дека сѐ уште има слободни места.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Егејското Море, на околу 31 километар од Санторини, во вторникот околу 04:45 часот по локално време, соопшти Геодинамичкиот институт на Атинската опсерваторија.
Набргу потоа, нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди истото подрачје.
Регистрирани се и други помали земјотреси, а грчките научници предупредија дека сеизмичката активност, која е засилена од саботата, може да трае со седмици.
Слични новости
Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне
Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.
Во САД конструиран првиот борбен авион Ф16 Блок 70 за Бугарија
Првите два американски борбени авиони Ф 16 од вкупно 16-те колку што ги нарача Бугарија, би требало да пристигнат во Бугарија во април годинава, а другите до крајот на 2027.
Успешен бојкотот на маркетите во Црна Гора
Вчерашниот бојот на супермаркетите во Црна Гора беше многу успешен, а во супермаркетите во Подгорица вчера речиси и да немаше купувачи, објавуваат...