Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0.

 

„Нераѕурите“ од Милано постигнаа четири гола во Рим во периодот од 41. до 53. минута. Најпрво Хакан Чалханоглу погоди од пенал, а потоа од игра погодија Федерико Димарко, Никола Барела и Дензел Дамфрис. Во 77. Карлос Аугуста погодува за 5:0, а во 90. за конечни 6:0 Маркус Турам, вториот стрелец во лигата со 11 голови.

Лидерот Аталанта има 37 бодови, второпласраниот Наполи 35, Интер има 34 бодови и натпревар помалку, додека петтиот Лацио има 31 бод колку и четвртопласираната Фиорентина.

globe

Слични новости

Нов домашен шок за Барселона

Нов домашен шок за Барселона

Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига