Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0.

 

„Нераѕурите“ од Милано постигнаа четири гола во Рим во периодот од 41. до 53. минута. Најпрво Хакан Чалханоглу погоди од пенал, а потоа од игра погодија Федерико Димарко, Никола Барела и Дензел Дамфрис. Во 77. Карлос Аугуста погодува за 5:0, а во 90. за конечни 6:0 Маркус Турам, вториот стрелец во лигата со 11 голови.

Лидерот Аталанта има 37 бодови, второпласраниот Наполи 35, Интер има 34 бодови и натпревар помалку, додека петтиот Лацио има 31 бод колку и четвртопласираната Фиорентина.

globe

Слични новости

Фиорентина ја оствари втората највисока победа во историјата на Конференциската лига

Фиорентина ја оствари втората највисока победа во историјата на Конференциската лига

Фудбалерите на Фиорентина во четвртокот пред своите навивачи ја постигнаа втората најубедлива победа во историјата на Конференциската лига, совладувајќи го австрискиот ЛАСК со 7:0 (3:0) во натпреварот од 5. коло.