Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0.
„Нераѕурите“ од Милано постигнаа четири гола во Рим во периодот од 41. до 53. минута. Најпрво Хакан Чалханоглу погоди од пенал, а потоа од игра погодија Федерико Димарко, Никола Барела и Дензел Дамфрис. Во 77. Карлос Аугуста погодува за 5:0, а во 90. за конечни 6:0 Маркус Турам, вториот стрелец во лигата со 11 голови.
Лидерот Аталанта има 37 бодови, второпласраниот Наполи 35, Интер има 34 бодови и натпревар помалку, додека петтиот Лацио има 31 бод колку и четвртопласираната Фиорентина.
Слични новости
Вавринка доби покана за настап на Австралија Опен
Трикратниот победник на грен-слем турнири, Стен Вавринка доби специјална покана да игра на Австралија Опен, турнир на кој го имаше својот прв настап пред речиси 20 години
НБА: 20-та победа на Селтикс
Кошаркарите на Бостон Селтикс ги совладаа Детроит Пистонс со 123:99 и ја прославија својата 20-та победа во сезоната во НБА
Лига Европа: Лион подобар од Ајнтрахт, Лацио на врвот
Лион го совлада Ајнтрахт од Франкфурт со 3:2 (1:1) во натпреварот од 6. коло на Лига Европа