Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ги засили своите редови со францускиот репрезентативен офанзивен играч од средниот ред 21-годишниотРајан Шерки, поранешен член на Лион, со кого потпиша петгодишен договор.

 

 

Вредноста на трансферот се проценува на 40 милиони евра.

„Ова за мене е остварување на сништата и можност за нов исчекор во кариерата. Цел живот работев напорно за ова. Го сакам фудбалот и одвај чекам да продолжам да се развивам под водство на Гвардиола и неговиот штаб“, изјави Шерки кој минатата сезона постигна 12 гола и имаше 20 асистенции за Лион.

 

globe

Слични новости