Откако втор пат по ред беше прогласен за МВП на НБА лигата, Шеи Гилџес Александар им подари на соиграчите часовници, за да им се заблагодари што му овозможија да стигне до престижната награда.
Асот на Оклахома ги облече соиграчите во елегантни мантили и на соиграчите од екипата им подари часовници Piguet, додека минатата година им подари часовници Rollex.
Бекот на Оклахома Шеи Гилџес Александар од 100 стручњаци кои гласаа за изборот на МВП доби 83 гласа за прво место, 13 за второ и 3 за трето со што доби вкупно 959 бодови.
Втор во гласањето беше Никола Јокиќ со 634 бодови.
Слични новости
НБА го сведе списокот на кандидати за МВП на три имиња: Јокиќ, Вембенјама и ШГА
Фаворит според американските медиуми е ШГА кој во просек постигнува над 30 коша по натпревар, кој и минатата година беше прогласен за МВП на лигата.
Орландо Меџик се пласираше во плеј офот по победа врз Шарлот
Последниот учесник на плеј офот во Источната конференција е тимот на Орландо Меџик кој утринава го победи Шарлот Хорнест во елиминацискиот натпревар од плеј инот со 121:90.
Голден Стејт Вориорс елиминирани во плеј инот од Феникс
Голден Стејт одигра слаб натпревар, а потфрли и првата ѕвезда на тимот Стеф кари кој имаше шут 3 од 10 за тројка.
Со тоа Феникс во првото коло ќе игра против првопласираната Оклахома, а Портланд ќе игра против Сан Антонио.


