
Швеѓаните отпочнуваат бојкот на американските прозиводи како одговор на промената на политиката на САД во надеж дека бојкотот може да изврши ефикасен притисок врз американската администрација.
Серијата иницијативи за бојкот на американските производи се појави како одговор на промената на американската политика, вклучувајќи да одлуката на Вашингтон да ја прекине поддршката на Украина и да воведе царински тарифи на стоките од Европа, пренесе Еуроњуз.
Неколку шведски Фејсбук групи кои повикуваат на бојкот на американските проивзоди брзо дбија поддршка на голем број на луѓе.
Шведските фејсбук групи ги повикуваат своите членови да престанат да купуваат американски производи вклучувајќи ги возилата Тесла, рестораните МекДоналдс, Кока Кола, спортската опрема Најк, фармерките Левис и да претсанат да ги користат услугите на Нетфликс, Гугл и Аирбнб.
Слични новости
Доларот слабее, цената на нафтата расте
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути
Волстрит падна втор ден по ред
Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата
ЕУ воведува контрамерки на американските царини
Европската комисија воведува контрамерки откако во средата стапија на сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија