Шведската полиција во вторникот објави дека околу десет луѓе биле убиени во напад во училиште за образование на возрасни лица во Шведска, и дека верува дека напаѓачот е меѓу загинатите.
Иако сѐ уште не се познати мотивите на напаѓачот, полицијата изјавила дека верува дека дејствувал сам и дека најверојатно не се работи за терористички напад.
Престрелката се случила во Еребру во ценралниот дел на земјата, на околу 200 километри западно од Стокхолм, во училиштето Рисбергска за возрасни кои не го завршиле своето формално образование или немале добри оценки за да продолжат со високото образование. Училиштето се наоѓа на кампус во кој се сместени и училишта за деца.
Во престрелката нема повредени полицајци, соопшти полицијата. Екипи на брзата помош, спасувачките служби и полицијата и до доцна попладнето се на местото на настанот, изјави портпаролот на локалните спасувачки служби.
Шведскиот министер за правда Гунар Стромер изјави за Reuters дека владата е во непосреден контакт со полицијата и внимателно го следи развојот на настаните.
Шведска се соочува со низа престрелки и бомбашки напади предизвикани од ендемичен проблем на криминалните банди, иако смртоносните напади во училиштата сè уште се ретки.
Десет лица се убиени во седум инциденти на смртоносно насилство во училиштата меѓу 2010 и 2022 година, покажуваат податоците на Шведскиот национален совет за спречување на криминал.
Во едно од најистакнатите вакви злосторства во изминатата деценија, 21-годишен маскиран вооружен напаѓач, воден од расистички мотиви, уби асистент и момче и рани уште две лица во 2015 година.
Слични новости
Реформската партија првпат води во британските анкети
Десничарската партија Reform UK сега е најпопуларна политичка партија во Обединетото Кралство, пред владејачката Лабуристичка партија
Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес
Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција
Гренланд забранува странски донации за политичките партии
Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот