Одбивањето на Израел да дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа и нападите врз дистрибутивните центри предизвикуваат глад кај цивилите, што претставува воено злосторство, обвини во четвртокот министерката за надворешни работи на Шведска.
„Употребата на гладување на цивилите како метод на војување е воено злосторство. Хуманитарната помош што спасува животи никогаш не смее да се политизира или милитаризира“, изјави Марија Малмер Сенергард на прес-конференција.

„Сега постојат силни индиции дека Израел не ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право. Од клучно значење е храната, водата и лековите брзо да стигнат до цивилното население, од кои многу се жени и деца кои живеат во целосно нехумани услови“, истакна шефицата на шведската дипломатија.
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, исто така, претходно изјави дека нападите врз цивилите во близина на центрите за помош во Појасот Газа се „воени злосторства“.
Шведска објави во декември 2024 година дека ќе ја суспендира помошта за агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) откако Израел ѝ забрани да работи, обвинувајќи ја дека служи како параван за активностите на Хамас.
Шведска ја насочува помошта преку други агенции на ОН и е втор најголем донатор на хуманитарна помош од ЕУ за Газа, изјави шведскиот министер за меѓународна соработка Бенџамин Доуса.
„Таа помош изнесува околу 91 милион евра од почетокот на војната во октомври 2023 година и 73 милиони евра во 2025 година“, рече Доуса.
Слични новости
Осум загинати и 92 ранети во најновиот бран напади на Иран врз Израел
Најмалку осум лица го загубија животот во најновиот бран напади на Иран врз Израел, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на израелското воено радио. Иранските удари уследија во текот на ноќта, набргу откако Израел изведе напади врз Иран во кои е убиен шефот на разузнавачката служба на иранските воени сили.
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.