Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер, која има два подиума во Светскиот куп и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2022 година, загина во лавина во понеделникот во Ароса, источна Швајцарија, соопшти во вторникот Швајцарската скијачка федерација.
Младата жена, која беше членка на националниот сноуборд-крос тим, штотуку го прослави својот 26 роденден на 14.и декември.
Таа ги освои своите први два подиуми во Светскиот куп минатата зима, а најдобар резултат беше второто место во Сент Мориц во јануари 2024 година за време на генералната проба за Светското првенство во 2025 година, потсети Швајцарската федерација (Swiss-Ski). Учествуваше и на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.
Во понеделникот, полицијата во кантонот Граубинден објави дека сноубордерка загинала во лавина додека била надвор од патеката со друго лице. Но, таа не го откри идентитетот на жртвата.
Младата жена и нејзиниот придружник тргнале по затворена патека и додека си заминувале Софи Хедигер била зафатена во лавина. Службите за итни случаи биле веднаш известени, но Хедигер била лоцирана дури два часа подоцна.
Слични новости
НБА : Денвер и Далас утринава забележаа убедливи победи
Во меч од западната конференција на НБА лигата Денвер Нагетс утринава ги победија Феникс Санс на домашен терен со 117:90. Убедлива победа забележа и Далас совладувајќи го Портланд со 132:108.
Интер и Удинезе со победи го затворија колото во Серија А
Фудбалерите на Интер во понеделникот вечерта успешно ја одработија домашната задача, во последниот натпревар од 17. коло на италијанската Серија А го совладаа Комо со 2:0
Црвена ѕвезда во драматичен финиш го победи Партизан во дербито на АБА лигата
Кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија градскиот ривал Партизан во второто „вечно дерби“ сезонава, во 13. коло од АБА лигата со 89:84 (23:26, 27:25, 23:21, 16:12)