Швајцарската банка УБС денеска објави дека во четвртиот квартал на 2025 оствари нето добивка од 1,2 милијарди долари, далеку над очекувањата на берзите. Тоа и овозможи на банката да најави програма за откуп на сопствените акции во вредност од три милијарди долари, со можност за проширување во текот на годината.

Трговците и експертите за инвестициско банкарство остварија резултати над очекувањата со приход од 640 милиони долари, додека одделението за работа со богати клиенти забележа послаб прилив на пари од очекуваното, пренесува Блумберг.

Особено е критична состојбата во Америка каде што е забележан одлив од 14,1 милијарди долари, што е последица на заминување на голем број финансиски советници во САД.

Слични новости

Златото собори нов рекорд

Златото собори нов рекорд

Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.