Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 3-0 на гостувањето кај Швајцарија во Луцерн го заврши овој циклус од Лигата на нации.
Четири натпревари, четири порази за избраниците на Гоце Седлоски, кои го загубија натпреварот поради почетнички грешки во одбраната.
Головите за Швајцарија ги постигнаа Ридер во 43-тата, Манзамби во 74-тата и Ндоје во 81-та минута од мечот.
Во првото полувреме на гостувањето во Швајцарија Македонија одигра солидно и рамноправно, но неколкуте пада на концентрацијата во одбраната доведоа до нов убедлив пораз.
Особено загрижува фактот што на четири натпревари колку што досега одигра во Б дивизијата на Лигата на нации, Македонија не успеа да постигне гол.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
