Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 3-0 на гостувањето кај Швајцарија во Луцерн го заврши овој циклус од Лигата на нации.

Четири натпревари, четири порази за избраниците на Гоце Седлоски, кои го загубија натпреварот поради почетнички грешки во одбраната.

Головите за Швајцарија ги постигнаа Ридер во 43-тата, Манзамби во 74-тата и Ндоје во 81-та минута од мечот.

Во првото полувреме на гостувањето во Швајцарија Македонија одигра солидно и рамноправно, но неколкуте пада на концентрацијата во одбраната доведоа до нов убедлив пораз.

Особено загрижува фактот што на четири натпревари колку што досега одигра во Б дивизијата на Лигата на нации, Македонија не успеа да постигне гол.

 

Слични новости

Кристијано Роналдо повторно на списокот на селекторот на Португалија

Кристијано Роналдо повторно на списокот на селекторот на Португалија

Роналдо претходно кажа дека овогодишното Светско првенство во фудбал му е последно и дека ова за него ќе биде последна сезона, но не беше категоричен кога ќе се прости од националниот дрес на Португалија.

Вечерва почнува петтото коло на Премиер лигата со мечот Брентфорд – Челси а главна енигма е дали ќе игра Жоао Педро

Вечерва почнува петтото коло на Премиер лигата со мечот Брентфорд – Челси а главна енигма е дали ќе игра Жоао Педро

Тренерот на Чесли Чаби Алонсо одби да каже дали во неговиот состав вечерва ќе игра бразилската ѕвезда Жоао Педро. Тој беше изоставен од списокот на Карло Анчелоти за Светското првентсво во фудбал летоска, па откако сега беше повикан да игра за Бразил го откажа присуството со оправдание дека е повреден.