Швајцарската влада објави во петокот дека американските царини за нејзиниот извоз ќе бидат намалени од 39 на 15 отсто и му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот „конструктивен ангажман“.
Владата во Берн објави на платформата X дека американските царини ќе бидат намалени на 15 отсто, на исто ниво како и производите што Европската унија ги извезува во САД. Швајцарија, инаку, не е членка на ЕУ.
„Благодарност за претседателот Доналд Трамп на конструктивниот ангажман“, напиша владата на својот официјален профил на X.
Деталите за постигнатиот договор ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.
Претходно, владин претставник во Берн, зборувајќи под услов да остане анонимен, изјави дека швајцарските претставници презентирале план за намалување и елиминирање на трговскиот суфицит со САД, додавајќи дека американските претставници очекуваат значително намалување на швајцарските царини за американските производи, како и намалување на нецаринските бариери.
Швајцарија имаше суфицит на стоки со Соединетите држави од 38,3 милијарди долари во 2024 година, според официјалните податоци на САД. Оваа бројка се искачи на 55,7 милијарди долари до јули оваа година, првенствено одразувајќи го растот на американскиот увоз од Швајцарија во текот на првиот годинешен квартал, пред Трамп да ги воведе своите „реципрочни“ царини на почетокот од април.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


