На стартот од вонредното 9-то коло што се игра во вторник и среда во Серија А, шампионот Наполи се провлече со победа на гости кај Лече од 1:0, а најзаслужен за победата беше голманот на Наполи Вања Милинковиќ- Савиќ. Голманот на Наполи во 55. минута од мечот му одбрани пенал на младиот Камарга откако Жезуз играше со рака во казнениот простор.

Потоа Конте ги внесе во игра Нерес, Мектоминеј, Хојлунд и Спинацола што даде резултат и Наполи го постигна победоносниот гол во 69. минута од мечот, а стрелец беше Ангиса.

Во вториот натпревар Милан на гости ремизираше со Фиорентина. Гостите поведоа на самиот старт од натпреварот со голот на Ричи, Лукман израмни во 35. минута што беше и конечен резултат на натпреварот.  

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул