Не делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со уставот. Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом, изјави денеска потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во пресрет на собраниската седница за интерпелација на петтемина членови на Судскиот совет.

Според Чупеска, власта ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.

„Да беше намерата за суштински реформи немаше вака на сила и спротивно на закон да се турка. Зошто не почека власта да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови, согласно новото законско решение? Премиерот се става над уставот и над законите“, праша меѓу другото потпретседателката на СДСМ.

Според неа, ако Судскиот совет биде срушен на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Обвинува дека „потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди, како што сме гледале во минатото“.

Како што вели, СДСМ во претстојниот период ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.

„Ги повикуваме сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квази реформа. Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност. Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во Планот за раст, оние од Оценската мисија, укажувањата на ММФ“, рече Чупеска.

Членовите еден час пред стартот на пленарката треба да бидат присутни на седница која ја закажал претседателот Камбовски на ова тело. Пратениците освен за Дамева, ќе гласаат и за доверба на нејзините колеги Павлина Црвенковска, Тања Чачарова Илиевска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа, а на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, потпишана од 67 пратеници.

Дамева засега не открива дали ќе си поднесе оставка, доколку ѝ биде изгласана недоверба. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат да проработи, како што велат, моралот и етиката кај членовите на Судскиот совет, како и свеста за постапките со кои го урнисале судскиот систем.

За СДСМ пак, интерпелациите претставуваат, како што велат, обид за груба партизација на судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Не откриваат како ќе гласаат.

Членовите на Судскиот совет го искористија законското право и во рок од 15 денови по приемот на интерпелациите, писмено му одговорија на собранискиот спикер Гаши. Во вторник според Деловникот, се предвидува 20 минути за образложување на интерпелацијата, од страна на еден од пратениците коишто ја поднеле и исто толку време за одговор од страна на лицето кому му се гласа доверба.

globe

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија